Посета / концерт - ООУ Григор Прличев

ООУ Григор Прличев

Гази Баба СКОПЈЕ

poseta koncert 13 11 2024 1

Посета / концерт

На 12 Ноември во Музејот на македонската борба се одржа традиционалниот годишен концерт на мандолинскиот оркестар „Скопје“ под мотото “Заедно со Нула отпад се грижиме нашата животна средина да биде почиста и поубава за живеење“ со цел развивање на еко свеста. Нашите ученици кои членуваат во училишниот оркестар заедно со предметниот наставник по музичко образование Елена Владева Апостолов, наместо да купат билет за концертот, донесоа електронски отпад (потрошени батерии, стар ситен електронски отпад, телефони, кабли и сл.). Воедно, учениците уживаа во делата од Бетовен, Вивалди, Бах, Мандонико, Мусоргски, Чајковски, Прокофјев, Креидлер, Коларовски, Тошевски и Хрисик отсвирени од мандолинскиот оркестар „Скопје“ под диригентската палка на Рамадан Шукри и Ерхан Шукри.

ООУ Григор Прличев
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе