Училиште: ГРИГОР ПРЛИЧЕВ Урбана заедница: Нас. Железарница, Гази Баба Адреса: Ул. „Гемиџиска“ бр. 57 Скопје Телефон: 02/5126-834 Веб-страна: Директор: Александра Петковска Анастасов Кратка биографија: ООУ „Григор Прличев “ започна со работа во далечната 1964 година под името „Климент Охридски“. Училиштето е лоцирано во нас. „Железарница“ која брои над 6000 жители. Училишниот објект е од времен карактер - монтажна барака и располага со 1 300 м² училишен со 13 училници, 6 административни простории, кујна со трпезарија и фискултурна сала, кои ги задоволуваат потребите за нормално изведување на наставата. На површина од 2106 м² училиштето располага со отворени игралишта за мал фудбал, ракомет и кошарка, а во завршна фаза е тениското игралиште. Игралиштата се со трибини, трева, дворна и озеленета површина, каде не само што успешно се одвиваат наставните и воннаставните активности, туку претставува центар на спортски и културни збиднувања во населбата. Наставата во училиштето се изведува на македонски јазик со вкупно 306 ученика распоредени во 16 паралелки, 3 паралелки целодневна настава, 1 дневен престој за кои се ангажирани 34 вработени. Оваа учебна година наставата се изведува во две смени. Попладне продолжуваат со работа трите паралелки од целодневна настава, прво, второ и трето одделение, три паралелки од одделенска класична настава и дневниот престој каде се згрижени дел од учениците со што се продолжува воспитно - образовниот процес. Во втората половина од учебна 2014/2015 година се планира вселување во новиот училишен објект Имено, со заедничка инвестиција на општина Гази Баба и Министерството за образование на РМ се отпочна со изградба на нова училишна зграда. На површина од 2053 м² и капацитет за 400 ученици ќе се добие современ објект кој во целост ќе ги задоволи потребите за современ наставно-образовен процес. Градежните активности кои се во тек, започнаа на 26.10. 2013 година и предвидено е истите да завршат за 18 месеци. Патронен празник: 25 мартwww.grigorprlicev.edu.mk