📚 Училиште: ГРИГОР ПРЛИЧЕВ
🏘️ Урбана заедница: Нас. Железарница, Гази Баба
📍 Адреса: Ул. „Гемиџиска“ бр. 57 Скопје
📞 Телефон: 02 512 6834
🌐 Веб-страна: www.grigorprlicev.edu.mk
👩🏫 Директор: Александра Петковска Анастасов
📝 Кратка биографија:
ООУ „Григор Прличев“ започна со работа во далечната 1964 година под името „Климент Охридски“. Училиштето е лоцирано во нас. „Железарница“ која брои над 6000 жители. Објектот е монтажна барака со 13 училници, 6 административни простории, кујна со трпезарија и фискултурна сала, на површина од 2106 м² со игралишта за мал фудбал, ракомет, кошарка и во завршна фаза е тениското игралиште. Наставата се изведува на македонски јазик со 306 ученика во 16 паралелки, 3 паралелки целодневна настава, 1 дневен престој и 34 вработени. Наставата е во две смени.
Исто така, со заедничка инвестиција на општина Гази Баба и Министерството за образование се отпочна со изградба на нова училишна зграда со капацитет за 400 ученици, на површина од 2053 м², со предвидено завршување за 18 месеци.
🖼️

🎉 Патронен празник: 25 март
