Вредни раце и искрени насмевки за 8-ми Март!
По повод Меѓународниот ден на жената 8 Март, нашите креативни ученици со своите вредни раце изработија уникатни честитки, преточувајќи ја својата почит и благодарност во мали уметнички дела.
Посебна чест ни беше што овие мали ремек-дела ги подаривме на нашите долгогодишни соработнички и пријатели кои секојдневно се грижат за нас.
Големо благодарам за топлот пречек до:
Аптека Вивалек
Аптека Зегин
Дим Маркет
Жито Маркет
Книжарница Тоја
Поликлиника Автокоманда
Градинка „Детска радост“
Преку овој мал гест, ги учиме нашите ученици на емпатија, заедништво и важноста на вниманието кон другите.
Среќен 8-ми Март на сите дами!
#8Март #КреативниУченици #ЛокалнаЗаедница #Автокоманда #ДетскаРадост #ВредниРаце





Поврзани содржини