Регионален натпревар по вокална интерпретација
На 25-04-2026г. се одржаа регионалните натпревари од областа на музиката организирани од Здружението на музички педагози на Република Македонија, на кои нашето училиште освен во категориите хор и оркестар, зазема учество и со 6 солисти во категоријата вокална интерпретација. 🎼✨
Од добиените резултати од регионалниот натпревар 4 солисти освоија 🥇 ПРВА награда :
🎤 Ева Кољачкова (94 поени),
🎤 Матеа Лазаровска (92 поени),
🎤 Нина Стојаноска (91 поен) и
🎤 Сара Видовски (91 поен),
а 🥈 втора награда освоија:
🎶 Каја Бајрамовска (89 поени) и
🎶 Ирина Ѓошевска (85 поени).
👏💐 Им честитаме на нашите ученици со ангелски гласови за одличниот пласман на натпреварите и им посакуваме уште многу успеси во иднина! 🌟🎵






Поврзани содржини