Концерт на МОС
На 20.05.2026г. учесници во мандолинскиот оркестар од ООУ ,,Григор Прличев” заедно со наставничката по музичко образование Елена Владева Апостолов беа на концерт на Мандолинскиот оркестар Скопје, кој се одржа во новиот Дом на Култура ,,11 Октомври” во Ченто. 🏫🎼
ЕКО концертот беше организиран од општинскиот Црвен Крст на Гази Баба во соработка со МОС и Нула Отпад, а наместо влезници беше донесен електронски отпад од страна на публиката. ♻️🔌🔋 Нашите ученици освен што донесоа електронски отпад, си отидоа воодушевени со коментари дека уживаа во изведбите на мандолинскиот оркестар со надеж дека и тие ќе свират вакви прекрасни композиции како нивните три другарки од училиштето кои веќе 2 години членуваат во оркестарот. 🤩🪕🎵
Уште многу вакви концерти им посакуваме на МОС и повторно да им дојдеме како потпора и верна публика. 👏❤️🌟







Поврзани содржини