ООУ Григор Прличев

Гази Баба СКОПЈЕ

Математиката низ игра – натпревар во Тетрис

Математиката низ игра – натпревар во 👾 Тетрис 👾 со учениците од IX б преку кој на еден поинаков, интерактивен и забавен начин ги истражувавме геометриските трансформации.

Учениците практично ги препознаваа и применуваа принципите на транслација и ротација, согледувајќи како една иста фигура може да ја менува својата положба и ориентација, а притоа да ги задржи својот облик и димензии. 🎮 Играта ги поттикна учениците да размислуваат просторно, да ги предвидуваат можните положби на фигурите, да ги анализираат нивните меѓусебни односи и да донесуваат брзи логички одлуки. 🕹️

👀 Во финалната игра помеѓу Ива и Калин победникот се одлучуваше во последната милисекунда. ⌛

Во драматичен фотофиниш Калин 🥇 успеа да го освои турнирот. 🎊

⚙️
Лого

Политика за колачиња

За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња.