16 Октомври – Светски ден на здравата храна
🍊По повод Светскиот ден на здравата храна, учениците од шесто и седмо одделение со наставничките Тереза Блажевска и Татјана Силјаноска-Гочкова,преку подготовка на здрави и вкусни оброци ја истакнаа важноста на правилната исхрана.
🥒🥕Самостојно подготвуваа и со задоволство дегустираа вкусни овошни салати и традиционална жетварска салата. Преку дружење, подготовка и дегустација, со учениците испративме порака за важноста на секојдневното консумирање овошје и зеленчук, кои му обезбедуваат на организмот потребни витамини и минерали, придонесуваат за правилен раст и развој и помагаат во зачувувањето на здравјето.
🥗Здравата храна е чекор кон здрав и среќен живот!



















Поврзани содржини