Едукативна посета на ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“
На 15 октомври 2026 година, во рамките на проектот за соработка со родители и на покана на родителката Марија Поп-Иванова, учениците од IV одделение реализираа едукативна посета на ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“.
За време на посетата, учениците имаа можност да се запознаат со работата на музичкото училиште и да ги посетат Одделот за традиционална музика и игра и Одделот за музичар-изведувач на класични инструменти. Со голем интерес проследија музички изведби на учениците од училиштето и непосредно се запознаа со различни музички инструменти, нивните карактеристики и начинот на изведување на музиката.
Посетата беше прекрасно и инспиративно искуство кое ги збогати знаењата и музичката култура на учениците, ја поттикна нивната љубопитност и интересот за музиката и им овозможи поблиску да ги запознаат можностите за музичко образование.
💐 Упатуваме голема благодарност до родителката Марија Поп-Иванова за иницијативата и поканата, како и до сите професори и ученици од ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ за топлиот прием, гостопримството и прекрасните музички изведби.















Поврзани содржини