Светски ден на здравата храна III-а и III-б
По повод Светскиот ден на здравата храна, учениците од III-а и III-б одделение учествуваа во активноста „Јадам здраво – растам здраво“. Преку разговор за значењето на здравата и разновидна исхрана, учениците размислуваа за намирниците што придонесуваат за правилен раст и развој.
Учениците изработија цртежи на својата идеална чинија, во кои прикажаа овошје, зеленчук, житарки и други намирници. Преку цртежите ги претставија своите идеи за балансиран оброк и ги споделија со соучениците.
Активноста ги поттикна учениците креативно да се изразат и да стекнат поголема свесност за важноста на здравите навики во исхраната. Учениците активно учествуваа и со интерес ги презентираа своите цртежи.
Активноста беше успешно реализирана и придонесе за одбележување на Светскиот ден на здравата храна и поттикнување здрави навики кај учениците.












Поврзани содржини