ООУ Григор Прличев

Гази Баба СКОПЈЕ

15 октомври – Светски ден на пешачењето

Едукативна работилница „Зошто пешачењето е важно?“

По повод Светскиот ден на пешачењето, на 15 октомври реализиравме интересна и едукативна активност со цел да ја подигнеме свеста кај учениците за значењето на пешачењето и физичката активност во секојдневниот живот.

🧠 Активноста ја започнавме со едукативен квиз, преку кој учениците ги проверија своите знаења за придобивките од пешачењето, неговото влијание врз здравјето и значењето на редовното движење.

👟 Потоа следуваше практичниот дел – пешачење и броење чекори, при што учениците преку движење, дружење и забава имаа можност да ја согледаат важноста на физичката активност.

💚 Преку оваа активност учениците научија дека пешачењето го зајакнува организмот, го подобрува расположението, придонесува за здрав начин на живот и истовремено помага во зачувувањето на животната средина.

🌿 Секој чекор е важен – за нашето здравје и за нашата планетa
Реализатор: Софија Јовановска и Даниела Денковска
#СветскиДенНаПешачењето #ЗоштоПешачењетоЕВажно #ЗдравиНавики #УчењеПрекуАктивности #СекојЧекорЕВажен

⚙️
Лого

Политика за колачиња

За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња.