Соработка со гимназијата Панче Арсовски
На 16.10.2026, десет ученици од деветтите одделенија заедно со одделенските раководители Фросина Димитровска и Мартина Христова беа во посета на средното училиште, гимназијата “Панче Арсовски” со цел одбележување на Светскиот ден на храната. Мотото под кое учениците работеа зеднички беше „Здрав код“ – Здрави навики во исхраната на тинејџерите. Учениците следеа презентација, дискутираа за митови и вистини поврзани со исхраната, решаваа квиз прашања, работеа во групи и составуваа здрави оброци, а на крајот пробаа и здрави, протеински палачинки.
Да градиме здрави навики кај децата уште од мали нозе и правилно да ги насочуваме при изборот на храната.























Поврзани содржини