ООУ Григор Прличев

Гази Баба СКОПЈЕ

Учениците од училишниот оркестар во посета на Македонската филхармонија

На 19.10.2026 година, учениците кои членуваат во нашиот училиштен оркестар, предводени од предметниот наставник Елена Владева Апостолов, имаа можност да присуствуваат на целовечерен концерт во Македонската филхармонија, под покровителство на Сојузот на композитори на Македонија (СОКОМ).
Учениците уживаа во врвната изведба на гудачкиот оркестар „Ајга“, под диригентската палка на диригентката Мира Фабјан од Италија, со извонредните солистки Ана Гацева (пијано) и Катерина Бачевска (флејта).
На програмата беа изведени значајни дела од македонското музичко творештво: Јана Андреевска – „Кон светлината“ (премиера), Гоце Коларовски – Кончертино за пијано и гудачки оркестар, Томе Манчев – Симфонија бр. 3 за гудачки оркестар, Томислав Зографски – Cantus Coronatus
Оваа културна посета за нашите млади музичари претставуваше искуство од блиску да се запознаат со врвните дела на домашните композитори и дополнителен мотив за нивниот понатамошен музички развој и работа во училишниот оркестар.
⚙️
Лого

Политика за колачиња

За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња.