Внимание, читатели! Се бара супер читател на годината!
📚✨ По повод Месецот на книгата, објавуваме голем конкурс! Дали ти си тој што прочитал најмногу книги оваа година? Време е да ја покажеш моќта на читањето!
Како да учествуваш?
📝 Направи список со сите наслови што ги имаш прочитано во текот на календарската годината.
👩🏫 Предај го списокот кај твојата наставничка по македонски јазик.
Наставничката ќе направи кратка проверка на прочитаните книги, а најдобриот меѓу вас ќе ја понесе престижната титула Супер читател!
💪 Моќта на читањето е најсилна! Вклучи се и докажи дека книгите се твојата супермоќ!
За учениците од V до IX пријавување до 10.11.2026 г.






Поврзани содржини