Другарството се учи со срце!
Што значи да се биде вистински другар? Да подадеш рака кога некому му е потребна помош, да знаеш да сослушаш, да споделиш насмевка и да прифатиш дека секој од нас е посебен на свој начин. 🥰
Токму за овие вредности разговаравме, учевме и творевме на работилниците реализирани од страна на стручната служба со учениците од II до IV одделение.
Преку интересни активности, разговори, игри и креативни задачи, учениците откриваа дека вистинското другарство се гради со почит, доверба, разбирање, емпатија и добрина. 🌟
💬 Затоа што едно убаво „Ти помогнав“, едно искрено „Извини“ и едно топло „Ајде да играме заедно“ можат да направат голема разлика!
🌻 Во нашето училиште учиме не само да бидеме успешни ученици, туку и добри другари и луѓе со големо срце!
#ДругарствотоСеУчи #ЗаедноСмеПосилни #УчилиштеСоСрце #ООУГригорПрличев 💛



















Поврзани содржини