ООУ Григор Прличев

Гази Баба СКОПЈЕ

Одбележување на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба

Во пресрет на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, учениците од историско-ликовната секција подготвија реферат и го уредија училишното пано посветено на овој значаен историски датум.

Преку истражување, пишување и креативно творење, учениците го продлабочија своето знаење за историските настани и личности поврзани со македонската револуционерна борба. Со својата посветеност и креативност придонесоа за достојно одбележување на празникот и за поттикнување на интересот за македонското историско минато.

Со ваквите активности се негуваат историската свест, креативноста и почитта кон културното и историското наследство.

⚙️
Лого

Политика за колачиња

За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња.