ООУ Григор Прличев

Гази Баба СКОПЈЕ

IVа одделение Млади чувари на природата: Редуцирај, реупотреби, рециклирај!

Во склоп на часовите по СИП, зборувавме за една од најважните теми денес – Зачувување на природните живеалишта. 🌿🌳

Учениците беа извонредно активни, полни со одлични идеи и креативни предлози за тоа како секој од нас може да придонесе за зачувување на планетата Земја. Преку дискусијата ги совладавме трите златни правила: намалување (редуцирање) на отпадот, реупотребување на предметите и рециклирање! 💡

За да ја преточиме нашата еколошка свест во дело, заеднички одлучивме да креираме прекрасен постер / хамер со наши пораки и креативни решенија. 🎨✨

Децата покажаа дека со малку имагинација и многу љубов кон природата, можеме да создадеме големи промени. Заедно градиме генерација која се грижи за својот дом – нашата Земја! 💚

#СИП #ЗачувувањеНаПриродата #Реудцирај #Реупотреби #Рециклирај

⚙️
Лого

Политика за колачиња

За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња.