Насилството – препознај, спречи, реагирај!
Во рамките на активностите по повод 5 ноември – Меѓународниот ден против насилството, учениците од VIIIб одделение реализираа едукативна работилница на тема „Насилството – препознај, спречи, реагирај!“
Преку разговор, примери и заеднички активности, учениците се запознаа со различните форми на насилство: физичко, вербално, социјално и дигитално. Разговараа за последиците од насилството, важноста на меѓусебното почитување, прифаќањето на различностите и потребата да се реагира кога некој е изложен на насилство.
Како завршна активност, учениците ја реализираа активноста „Моето ветување“, при што секој ученик напиша лична порака или ветување за почитување, пријателство, поддршка и ненасилно однесување. Нивните пораки беа изложени на заедничкиот постер со наслов:
Заедно можеме да го запреме насилството!
Со оваа работилница испративме заедничка порака дека секој ученик заслужува да се чувствува прифатено, почитувано и безбедно.










Поврзани содржини