ООУ Григор Прличев

Гази Баба СКОПЈЕ

Насилството – препознај, спречи, реагирај!

Во рамките на активностите по повод 5 ноември – Меѓународниот ден против насилството, учениците од VIIIб  одделение реализираа едукативна работилница на тема „Насилството – препознај, спречи, реагирај!“

Преку разговор, примери и заеднички активности, учениците се запознаа со различните форми на насилство: физичко, вербално, социјално и дигитално. Разговараа за последиците од насилството, важноста на меѓусебното почитување, прифаќањето на различностите и потребата да се реагира кога некој е изложен на насилство.

Како завршна активност, учениците ја реализираа активноста „Моето ветување“, при што секој ученик напиша лична порака или ветување за почитување, пријателство, поддршка и ненасилно однесување. Нивните пораки беа изложени на заедничкиот постер со наслов:

Заедно можеме да го запреме насилството!

Со оваа работилница испративме заедничка порака дека секој ученик заслужува да се чувствува прифатено, почитувано и безбедно.

⚙️
Лого

Политика за колачиња

За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња.