Нашите првачиња станаа најмладите членови на училишната библиотека!
Нашите првачиња за првпат зачекорија во магичниот свет на книгите. Во училишната библиотека беа срдечно пречекани од училишната библиотекарка, која ги запозна со овој прекрасен простор полн со приказни и знаење.
Учениците со голема љубопитност ги разгледаа полиците со книги и научија како функционира библиотеката, како се позајмуваат лектирите и како треба правилно да се чуваат.
За да биде овој ден уште поубав, на крајот секое прваче ја доби својата прва членска картичка, а за сладок спомен и поттик за читање беа израдувани и со подарок сликовница и чоколадно бананче. 🍫📖
Им посакуваме многу прочитани книги и убави моменти во библиотеката! 💛
#Првачиња #УчилишнаБиблиотека #ЉубовКонКнигата #ЧитамеЗаедно















Поврзани содржини