Читањето е супермоќ!
По повод Месецот на книгата, наставничката Лидија Палевски реализираше креативни активности со учениците од различни одделенија, со една заедничка цел – да се поттикне љубовта кон книгата и да се истакне важноста на читањето. Учениците од V одделение изработуваа креативни bookmark-обележувачи за книги, украсени со пораки кои поттикнуваат на читање.
Учениците од VI и VII одделение изработија препораки за книги кои би им ги препорачале на своите другарчиња. Преку своите препораки тие се обидоа да ги заинтересираат другите ученици за читање и да им покажат дека во секоја книга може да се пронајде нов свет, авантура или важна животна порака.
Учениците од VIII одделение, преку предметот Информатика и со користење на Canva, креираа постери за вратите на училишните кабинети. Секој кабинет доби своја порака поврзана со читањето, а заедничката порака на кампањата беше: „ЧИТАЊЕТО Е СУПЕРМОЌ!“
На постерите стои и: „Креативна кампања на учениците од VIII одделение по предметот Информатика“, со цел да се поттикне свеста кај учениците за значењето, важноста и убавината на читањето.
Дополнителна инспирација дадоа и наставничката по Информатика Лидија Палевски и наставничките по Македонски јазик Елена Тасевска и Татјана Силјановска Гочкова, кои споделија книги што им биле омилени кога биле на нивна возраст – затоа што убавата книга не е само лектира, туку приказна која останува со нас и низ годините.
Со креативност, технологија и љубов кон книгата, учениците испратија едноставна, но моќна порака: „Отвори книга. Откриј нов свет. Пронајди ја својата супермомоќ!






























Поврзани содржини