ООУ Григор Прличев

Гази Баба СКОПЈЕ

Ученичка Квизотека

На 19.11.2026 година во Детскиот културен центар Карпош нашето училиште се натпреваруваше во првото коло од овогодинешната Ученичка Квизотека. На натпреварот учениците Илина Рулеска, Михаела Нешовска и Михаил Крстиќ се натпреваруваа против своите врсници од училиштата ООУ „Кочо Рацин“ – Центар, ООУ „Партенија Зоографски“ – Кисела Вода и ООУ Кузман Јосифовски Питу“ – Кисела Вода. Натпреварувањето опфати повеќе игри меѓу кои пикадо, погодување на познати личности преку слики, погодување на познати светски објекти преку слики, погодување на познати објекти и локалитети од Република Македонија, одговарање на прашања од повеќе области по соппствен избор и сл. Учениците успеаа да го освојат првото место и да се пласираат во следното коло.

Честитки до учениците!

Наставник
Тоше Столески

⚙️
Лого

Политика за колачиња

За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња.