Новинари во кризна ситуација
На 26.11.2026 година учениците од 8а и 8б одделение заедно со наставникот по географија Тоше Столески спроведоа уште една воннаставна активност за одбележување на месецот на географијата со тема „Новинари во кризна ситуација“.
🔍 Учениците работеа во групи како новинарски тимови. Секој тим доби „итна вест“ за природна катастрофа што се случила некаде во светот (Поплава и свлечиште на земјиштето во Непал, Земјотрес во Турција, Пожар на Малешевски планини во близина на Беровското езеро кај туристичките вили, Земјотрес во Турција, Поплава во БиХ, Земјотрес во Чиле).
Задача: За 20 минути, користејќи имагинација, учебник и атлас како помош, тимот требаше да подготви кратка „програма во живо“ (извештај од 3 минути). Учениците мораа да објаснат зошто се случила катастрофата, кои биле причините, каде се случила, какви се последиците и кои се мерките за заштита кои ќе се превземат од страна на локалната и централната власт.













Поврзани содржини