Печат во моето срце
На 16 Ноември 2021 година, во „Даутпашин амам“ во Скопје беше промовирана книгата „Направи со мене, не за мене“, издание на основното училиште со ресурсен центар „Иднина“ како дел од Проектот за прифаќање на различностите меѓу учениците. Ученици од повеќе училишта во скопскиот регион учествуваа на објавениот конкурс и твореа за своите врсници со нетипичен развој, изразувајќи ја својата искрена желба за почитување. На овој конкурс учество зема и ученичката од нашето училиште Антонина Миланова од 9 а одд под менторство на наставникот по македонски јазик Љупчо Јордановски која што за својата другарка со нетипичен развој вели дека е вистински пријател за целиот живот, печат во нејзиното срце па токму така и го насловува својот расказ „Печат во моето срце“ кој воедно е избран и објавен во ова прво издание на книгата.
Ние како училиште сме горди што имаме вакви ученици, а на Антонина и посакуваме уште многу успеси во иднина.






Поврзани содржини