ООУ Григор Прличев

Гази Баба СКОПЈЕ

mk jazik 05 05 2022

5 Мај – ден на македонскиот јазик 2022

Денес го славиме денот на македонскиот јазик. Наша обврска е да чуваме и негуваме
„Јазикот е нашата единствена татковина“ – Блаже Конески
„Јазикот на еден народ е негово духовно богатство и наследство“
„Ние имаме право и долг да го браниме нашиот јазик и тоа право ни е свето“.

Презентацијата можете да ја погледнете на следниот 

„Јазикот е нашата единствена татковина“, ќе каже во една прилика македонскиот великан Блаже Конески. Денес 5 Мај го одбележуваме како ден на македонскиот јазик.

Почетоците на развојот на македонскиот јазик се поврзани со дејноста на браќата Кирил и Методиј, во втората половина на деветтиот век со создавањето на првата словенска азбука глаголицата. Тогаш започнува и оформувањето на македонскиот јазик кое трае со векови. Учебникарите, преродбениците и просветителите ја знаеле важноста од зачувување, творење, собирање на народни умотворби на народниот македонски јазик.

Јазикот е нешто по што се разликуваат народите, што им овозможува да создадат своја култура и наследство. „Учи напред книга на свој јазик, после ако имаш време, учи и на други јазици“ – ќе рече Партениј Зографски.

Историски пресврт ќе направи појавата на делото „За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков, објавено во далечната 1903 година. Петтата статија од ова дело е со наслов „Неколку зборои за македонцкиот литературен јазик“ и во неа Мисирков ги изнесол своите ставови за основите на кои кои треба да да се формира македонскиот литературен јазик.

Години подоцна истите ќе бидат и вметнати во формирањето на македонскиот литературен јазик. Важни датуми за развојот и кодификацијата на македонскиот јазик се 2 Август 1944 г. кога на првото заседание на Асном било донесено решение за воведување на македонскиот јазик како службен јазик во македонската држава, 5 Мај 1945 година кога била усвоена македонската азбука и 7 Јуни 1945 година кога е озаконет македонскиот правопис. Тогашната Влада ја прифатила и азбуката е официјализирана на 5 Мај, со објавување во весникот „Нова Македонија“. Денес се школуваме, твориме и оставаме трајни вредности токму на нашиот Мајчин македонски јазик.

mk-jazik-05-05-2022-01 mk-jazik-05-05-2022-02

ООУ Григор Прличев
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе