ООУ Григор Прличев

Гази Баба СКОПЈЕ

prava 09 12 2022

Меѓународен ден на човековите права 2022

Го одбележуваме 10 Декември – Меѓународниот ден на човековите права. На овој ден во 1948 година, од Организацијата на Обединетите Нации е донесена Универзалната декларација за човековите права, која за првпат во историјата се однесува на сите луѓе во светот без оглед на пол, возраст, етничка, верска, политичка и каква било припадност. Таа претставува основа за сите останати документи за човекови права. Учениците од VIIIа и VIIIб на часот по граѓанско образование реализираа повеќе активности, изработија постери за човековите права, презентација, дискутираа за булингот како специфичен вид на насилство. Преку овие активности учениците испратија јасна порака: СТОП ЗА НАСИЛСТВОТО! СТОП ЗА ДИСКРИМИНАЦИЈАТА!

ООУ Григор Прличев
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе