Учиме преку дело: Акција за чистење со учениците од 4б одделение
Во рамките на слободниот изборен предмет „Образование за животни вештини“, учениците од 4б одделение одржаа практична едукативна активност на тема загадување на водата и животната средина.
Со желба да придонесеме за почиста и поздрава околина, излеговме во училишниот двор и во блиското паркче, каде што учениците самостојно учествуваа во акција за чистење. Оваа активност не беше само корисна за средината, туку и важна лекција за одговорност, тимска работа и грижлив однос кон природата.
Учениците беа мотивирани, вредни и горди што преку дело покажаа што значи вистинска животна вештина – грижа за заедницата и природата!
Браво за нашите млади еко-херои!





Поврзани содржини