ООУ Григор Прличев

Гази Баба СКОПЈЕ

kuklena pretstava 30 10 2025

Куклена претстава „Кој како зимува“

Радоста и задоволството се огромни кога вложениот труд ќе вроди со плод.
Во рамките на изборниот предмет Театарски работилници, дел од учениците од 5б и 6б одд. пред прекрасните вторачиња ја изведоа куклената претстава „Кој како зимува“ на текст од Киро Донев.
За изминатиов период учениците се запознаа со поимзатеатаритеатарска претстава и нивното минато. Се запознаа и ја почувствуваа магијата на куклениот театар, самостојно изработувајќи кукли според избраните ликови, креирајќи ја сцената и преку одлична драматизација им дадоа живот на куклите.

Фотографиите и видеата може да ги погледнете на следниот линк:

ООУ Григор Прличев
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе