Бадникови поворки – радост споделена преку песна
Со многу љубов, насмевки и детска радост, учениците од 4 одделение учествуваа на работилницата во Општина Гази Баба посветена на претстојниот празник. Се придружија на Бадниковите поворки, каде заедно испеаја песна со која можеа да го почувствуваат вистинскиот празничен дух.
Преку заедничкото пеење и дружење, ги негуваме обичаите и вредностите што нè поврзуваат и нè потсетуваат на убавината на традицијата.
Горди сме на нашите ученици и благодарни на сите кои беа дел од овие топли бадникови моменти.







Поврзани содржини