Недела на информатиката 13-02-2026 - ООУ Григор Прличев

ООУ Григор Прличев

Гази Баба СКОПЈЕ

Недела на информатиката 19 02 2026

Недела на информатиката 13-02-2026

#Неделанаинформатиката2026

По повод „Недела на информатиката 2026“ на 13.02.2026 год. учениците од 5-б одд. од ООУ „Григор Прличев“ Скопје под менторство на одд. наставник Сузана Танева и наставик по информатика Лидија Палевски реализираа низа активности на две теми:
1. Насочувачки дизајн во социјалните медиуми и
2. Што е „промт“ и неговото значење при користење вештачака интелигенција.
Цел: 1. Учениците да се запознаат со: начинот на кој апликациите нè „наговараат“ да останеме онлајн, како насочувачкиот дизајн влијае врз нашето однесување; кои техники на насочувачки дизајн ги користат апликациите и како одговорно да ги користата социјалните медиуми.
Активности за тема 1: Воведниот дел започна со „Бура од идеи“ на тема информатика и се водеше дискусија за тоа што најчесто користат на мобилните телефони, компјутери или таблети. Дискусијата продолжи со опишување од страна на учениците за тоа на кој начин ги гледаат тие содржини и зошто потоа им се појавуваат слични. Учениците споделуваа свои искуства и мислења и со помош на Power Point презентација се запознаа со начинот на кој апликациите нè „наговараат“ да кликнеме, да продолжиме да гледаме и да останеме онлајн, како насочувачкиот дизајн влијае врз нашето однесување и се запознаа со техниките на насочувачкиот дизајн. Се нагласи дека целта на тие апликации е што подолго и што повеќе содржини да гледаат, дека таквиот насочувачки дизајн ни го „краде“ времето, не навлекува да гледаме содржини кои не сме ги планирале, па дури и некогаш содржини кои и не се соодветни на нашите интереси и возраст. Учениците се запознаа дека со секое „кликање“- ставање „лајк“ или коментар, со секој преглед на некоја нотификација, гледање разни реклами и сл. тие всушност се намамуваат на стратегијата која ја имаат апликациите – да останат што подолго онлајн и треба да внимаваат многу одговорно да ги користат социјалните медиуми.
Цел 2: Учениците да се запознаат со поимот „Промт“, неговото значење и улога при користење на вештачка интелигенција.
Активности за тема 2: Активноста започна со бура од идеи на тема вештачка интелигенција. Потоа секој пар ученици на својот лаптоп се вклучи на Chat GPT на македонски и добија задача – Да побараат помош од вештачката интелигенција за креирање песна за зима. Секој пар си запиша свое прашање – барање и секој доби различен одговор. Се дискутираше зошто е тоа така – прашањата кои ги поставија беа различни и сите добија нецелосен одговор, односно добија текст за пеење песна – иако мислевме на стихотворба. Некои ученици добија пократка, некои подолга песна со слична тема но сепак различни. Учениците се запознаа со поимот „промт“ што всушност е прашањето – инструкцијата која сме ја задале на ВИ. Беше истакнато дека добар промт е инструкција која ги содржи сите детали- информации кои точно ќе ја насочат ВИ да ни даде целосен и потполн одговор на нашите барања. Пр. „Напиши ми стихотворба на тема зима, за возраст од 10 год. да има 3 строфи, да има рима и многу описи – придавки“. Се заклучи дека промтот – инструкцијата е многу важна при користење на ВИ и од него многу зависи каков одговор ќе добиеме, односно дали и колку брзо ќе ја завршиме зададената задача. За крај учениците ги презентираа одговорите од првиот и последниот промт и ја воочија разликата.

ООУ Григор Прличев
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе