ООУ Григор Прличев

Гази Баба СКОПЈЕ

Сите сме различни сите сме вредни и важни 23 02 2026

Сите сме различни – сите сме вредни и важни

На ден 20.02.2026год. по повод месецот Февруари кој е посветен на подигање на свеста за децата со ретки болести, учениците од II-а и II-б заедно со своите наставнички Љубица Коцеска и Ива Количев реализираа креативна и едукативна работилница на тема “Сите сме различни – сите сме вредни и важни“ која беше насочена кон развивање емпатија, почит и прифаќање на различностите. Оваа работилница имаше за цел учениците се запознаат со поимот „ретки болести“ и да развијат емпатија, почит и прифаќање на различностите и да покажат поддршка и другарство кон децата со ретки болести.
Учениците изработија шарени срца на кои напишаа кратки пораки за подршка, другарство и охрабрување. Од срцата направивме заедничко пано на хамер како симбол на единство и хуманост. Со оваа активност испративме порака дека заедно можеме да шириме љубов, почит и прифаќање и дека секој заслужува љубов, разбирање и еднакви можности.

ООУ Григор Прличев
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе