Презентација за општествено-хуманитарна работа
Денес учениците од 7 одделение заедно со нивните одделенски раководители Татјана Силјаноска Гочкова и Лорета Станковиќ следеа интересна и инспиративна презентација за општествено-хуманитарна работа, со посебен акцент на одржливоста, инклузивноста и ученичките иницијативи.
Разговаравме за тоа што значи да се биде активен и одговорен член на заедницата, како и како секој од нас – преку мали, но значајни дела – може да придонесе за подобро училиште и похумана средина.
Учениците споделија идеи за волонтерски активности, грижа за животната средина, поддршка на ранливи групи и развивање култура на почит и солидарност.
Горди сме на нивната ангажираност и желба да бидат двигатели на позитивни промени!




Поврзани содржини