ООУ Григор Прличев

Гази Баба СКОПЈЕ

Ѕид на љубовта

Денес ученичкиот парламент со подршка на стручната служба реализираше активност за одбележување на денот на љубовта. Учениците во пријатна работна атмосфера изработија љубовни писма на кои испишаа љубовни пораки. Потоа истите ги залепија на еден ѕид во холот на училиштето и направија ѕид на љубовта. Истиот останува да сведочи за детските чувства, растреперени срца и скриени љубови.

ООУ Григор Прличев
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе