Караван за донирање на БИЛКИЛАЈФ
15 Ное, 2024На 14.11. 2024 во просториите на нашето училиште, а во соработка со Центарот за хербализам, туризам и одржлив развој “БИЛКИЛАЈФ”, Чучер Сандево, спроведoвме акција – настан, за Караванот за донирање на БИЛКИЛАЈФ, а како дел од кампањата „Денови за донирање“, од Проектот на УСАИД „Партнерства за донирање“, спроведуван од Конект.
Акцијата започна со поставување на мал штанд со производи со лековити билки и донаторска кутија, како можност да се купи од производите каде собраните донирани средства се со цел да се донира за деца и млади со попреченост и реализација на Хербален инклузивен туризам.
Учениците имаа можност да се запознаат со лековитоста на билките, да бојат цртежи со билки и да засадат млади насади на лековити билки, како и со чинот на донирање да придонесат кон градење култура за помош и донирање уште од најмлада возраст, за да може да станат граѓани кои ќе ги имаат овие вредности.