Меѓународен ден на храната
18 Окт, 2024На 17.10.2024г., со порака “Храни се здраво! – Подари здравје! – Стекни здрави навики!”, нашето училиште го одбележа “Меѓународниот ден на храната” преку активности за донација на сезонско овошје, подготовка на овошни салати, кои ги подготвија и послужија самите ученици и донација на поголем дел од овошјето на локалното население.
Целта е да се поттикнат здравите навики во исхраната кај сите генерации, а многу повеќе да се создаде чувство на емпатија, грижа и соживот со локалното население, како и поттикнување на граѓански иницијативи.
Изразуваме голема благодарност до родителите за големиот одзив и поддршка во акцијата.
Фотографиите можете да ги погледнете на следниот линк: