Светски ден на детето: Соработка за здрава насмевка!
По повод Светскиот ден на детето, нашите вредни ученици од VII, VIII и IX одделение имаа инспиративна работилница!
Во соработка со пријателите од локалната аптека Вивалек Железара, децата ги истражуваа тајните на природата и науката, учејќи како да направат своја, природна детска крема.
Ова беше вистински спој на едукација и креативност! Учениците не само што научија за состојките и процесот на изработка, туку и активно учествуваа, создавајќи производи со љубов и грижа.
Благодарност до тимот на аптека Вивалек Железара за несебичната поддршка и споделеното знаење!







Поврзани содржини