Светски ден на детето IV-а и IV-б
По повод Светскиот ден на детето, нашите талентирани ученици од IV-а и IV-б одделение ја покажаа својата креативност преку прекрасни изработки!
Под менторство на наставничката по англиски јазик, Хилда Стефковска, децата ги претворија своите желби, права и соништа во шарени уметнички дела.
Овие изработки не само што го красат нашиот хол, туку се и силен потсетник за важноста на детските права и нивната неисцрпна имагинација!
Браво за нашите мали уметници и за наставничката Хилда за посветеноста и инспирацијата!
Нека секој ден биде ден на детето!







Поврзани содржини