Видео игра “Liquid Submarine Remaster”
22 Дек, 2023Ученикот Михаел Коп од 9б одделение, на часот по англиски јазик, ја презентираше видео играта “Liquid Submarine Remaster”, која сам ја изработил во период од две години со користење на Платформата за правење на игри “Roblox”. Во разговор со соучениците ни откри дека интересот за компјутерските делови го пројавил уште кога бил помал и дека во создавањето и изработката на играта поминува од еден до три часа дневно. Играта е непрофитабилна, а служи за социјализација и комуницирање со други ученици. Проценетото време за конечно пласирање на играта е во јануари 2024. Му посакуваме многу успех и напредок во она што го работи.
Играта може да ја погледнете на следниот