А1 работилница 4а и 4б одд
Учениците од 4-то одделение имаа прекрасна можност да присуствуваат на едукативна обука, реализирана од претставници на А1 💻🌐
За време на обуката, учениците се запознаа со важни теми како безбедно користење на интернет, дигитално меѓуврсничко насилство и заштита на личните податоци. Преку интересна и корисна презентација, тие научија како одговорно и безбедно да се однесуваат во дигиталниот свет, како да препознаваат потенцијални опасности и како да ги заштитат своите лични информации. 📚✨
Ваквите активности се од особено значење, бидејќи кај учениците уште од најрана возраст се развива свест за сигурно, внимателно и одговорно користење на современите технологии. 👧🧒💡
Им благодариме на А1 за посетата, поддршката и вложениот труд во едукацијата на нашите ученици. 💙🙏
#БезбедностНаИнтернет #ДигиталнаБезбедност #А1







Поврзани содржини