9 Мај Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа - ООУ Григор Прличев

9 Мај Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа

holokaust 14 05 2025 01

9 Мај Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа

По повод 9 Мај Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, учениците од VIIIa, VIIIб и IXa одделение со наставничките Лорета Станковиќ и Јулија Никовска Пешевска го посетија Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија.
За време на посетата, учениците проследија едукативна презентација, разгледаа фотографии и експонати и внимателно ги следеа информациите што им беа презентирани од страна на музејскиот водич. Посетата претставуваше важен момент за продлабочување на знаењата за трагичните настани од Втората светска војна и за вредностите на слободата, човековите права и мирот.
Со вакви активности, училиштето продолжува да ја негува историската свест и граѓанските вредности кај младите генерации.

holokaust 14 05 2025 02

ООУ Григор Прличев
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе