Посета на филхармонија
2 Окт, 2025На 29.09.2025 година ученици кои членуваат во училишниот хор и оркестар заедно со предметните наставнички по музичко образование Елена Владева Апостолов и Даниела Ристеска беа на целовечерен концерт во Македонската Филхармонија на свеченото отворање на фестивалот „48 Денови на македонска музика“. Под диригентската палка на маестро Иван Еминовиќ учениците уживаа во програмата на која беа изведени делата од познатите македонски композитори Дарија Андовска – „PRE OoTtOoNnO – OoTtOoNnO PRE“, Валентина Велковска Трајановска – „Зора“, Панде Шахов – „Езера“, Властимир Николовски – „Стари танци“ и Кирил Македонски – „Адаџо“.