Посета на Меѓународниот аеродром Скопје и „М-НАВ“
28 Окт, 2024Посета на Меѓународниот аеродром Скопје и „М-НАВ“ – компанија за управување и контрола на цивилниот воздушен сообраќај во Македонија.
На 25.10.2024 година учениците од 6а и 6б одд. имаа можност да се запознаат со начинот на работа и како да се однесуваат кога ги користат услугите на Меѓународниот аеродром Скопје. Со посетата на М-НАВ учениците имаа прилика да видат како се контролира воздушниот сообраќај и начинот на слетување на авионите на аеродромот. Благодарност до родителката Марија Савиќ која ни ја овозможи посетата на „М-НАВ“ и ова е еден пример за успешна соработка меѓу родителите и училиштето. Активноста ја реализираа класните раководители Лорета Станковиќ и Татјана Силјаноска-Гочкова.