ООУ Григор Прличев

Гази Баба СКОПЈЕ

Logo predna 2026

Малите надежни хористи одат на државен натпревар!

На 25-04-2026г. се одржаа регионалните натпревари од областа на музиката организирани од Здружението на музички педагози на Република Македонија, на кои нашето училиште учествуваше во повеќе категории: Хор одделенска и хор предметна настава, Оркестар предметна и солисти од категоријата вокална интерпретација.

Добиени резултати за хорови и оркестри од регионалниот натпревар:
Хор I – V одделение – извонредни 99 поени и прва награда со пласман на државен натпревар
Хор VI – IX одделение – 75 поени – трета награда
Оркестар VI – IX одделение – 90 поени – втора награда

Честитки до нашите мали хористи Илијана Велкова, Ена Николовска, Илијана Аврамоска, Михаела Максимовска, Борјан Маркоски, Лука Јаневски, Сара Мојсовска, Матеа Николајевиќ, Сара Николов, Моника Петковска, Андреј Андов, Марко Апостолов, Калина Таневска, Софија Минова, Петра Крстевски, Димитар Донев, им посакуваме многу успех и следната среда на 6 Мај во Кавадарци, да ни донесат прва награда и од државниот натпревар! Среќно!

ООУ Григор Прличев
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе