Учениците од IX одделение од нашето училиште во периодот од 13-15 Мај беа на тродневна наставно-научна екскурзија низ западна Македонија со сместување во Охрид.
Врнежливото време не беше пречка екскурзијата да биде интересна, возбудлива и забавна. Учениците се запознаа со природните убавини и знаменитости на нашата убава Македонија и поминаа три незаборавни дена покажувајќи ја својата дружељубивост, сплотеност и чувство за грижа и соработка. Се надеваме дека оваа екскурзија ќе остане долго во сеќавањата на деветтоодделенците!!!
За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња за складирање и/или пристап до информациите за уредот.