Тродневно научна екскурзија
23 Апр, 2025Од 09 – 11.04.2025 година учениците од деветто одделение реализираа тродневно научна екскурзија каде за тие три дена посетија повеќе значајни места низ повеќе градови во западниот дел на Македонија.
Првиот ден учениците го посетија Археолошкиот локалитет Стоби каде водичиот ги запозна со самиот археолошки локалитет и им ги покажа и објасни сите позначајни објекти од самиот локалитет. Потоа учениците го посетија градот Прилеп каде го посетија Спомен паркот на револуција во кој се наоѓа меморијалниот комплекс – Могила на непобедните. После Прилеп учениците го посетија градот Крушево каде имаа кратка прошетка, а потоа го посетија музејот „Илинден“ или уште попознат како Македониум каде имаа можност да се запознаат со историските моменти од Крушевското востание и Крушевската Република. Од градот Крушево учениците пристигнаа во градот Охрид каде престојуваа.
Вториот ден беше наменет за прошетка низ градот Охрид и посета на најзначајните места и објекти. Учениците најпрво се упатија во стариот град каде ги посетија Античкиот Театар, Црквата Св „Канео“, Црквата Св „Софија“ и уште неколку значајни места, а потоа ја посетија и старата чаршија.
Третиот ден учениците го посетија селото Вевчани и Вевчанските извори, а потоа го посетија и градот Струга каде ги посетија Мостот на поезијата и спомен куќата на браќа Миладиновци како и старата струшка чаршија. После тоа учениците се упатија кон Скопје.