Денови на електротехниката 2025 - ООУ Григор Прличев
elektrotehnika 28 04 2025

Денови на електротехниката 2025

На манифестацијата „Денови на електротехниката“, организирана од средното електротехничко училиште на Град Скопје ”Михајло Пупин”, учествуваа нашите ученици: Елена Тасевска, Ана Поп Иванова и Калин Личев под менторство на наставничката Мартина Христова.
Првиот ден учениците беа дел од натпреварот по електротехника и освоија деветто место од 27 училишта, а втори од општина Гази Баба.
Вториот ден во склоп на оваа манифестација, учениците ја посетија хидроелектраната „Вруток“ и изворот Вруток. Третиот ден се состоеше од квиз натпреват помеѓу најдобрите 3 училишта.
Честитки за постигнатиот успех за учениците и менторот.

Фотографиите можете да ги погледнете на следниот линк:

ООУ Григор Прличев
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе