ООУ Григор Прличев

Гази Баба СКОПЈЕ

Сребрен медал за нашата ученичка Меланија Крстевска на „Сакура кендо купот“ во Будимпешта 23 04 2026

Сребрен медал за нашата ученичка Меланија Крстевска на „Сакура кендо купот“ во Будимпешта

Со голема гордост ја споделуваме веста дека нашата ученичка Меланија Крстевска освои сребрен медал на престижниот меѓународен натпревар Сакура кендо куп, кој се одржа во Будимпешта.
На 18 Април македонските кендо репрезентативци во младинските категории учествуваа на овој значаен европски куп, на кој настапија повеќе од 200 натпреварувачи од 18 земји. Во силна конкуренција, Меланија покажа исклучителна подготвеност, дисциплина и борбен дух, со што заслужено се искачи на второто место.
Овој успех претставува големо признание за нејзиниот труд, посветеност и љубов кон спортот, но и гордост за нашето училиште.
Искрени честитки за Меланија и ѝ посакуваме уште многу успеси во иднина!

ООУ Григор Прличев
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе