Настава во природа
Учениците од петто одделение при ООУ „Григор Прличев“, Скопје 🏫, заедно со наставничките Сузана Танева и Славица Мојсоска 👩🏫, во периодот од 28.04 до 30.04.2026 година реализираа успешна и инспиративна настава во природа во Охрид 🌊.
Беа посетени значајни културно-историски локалитети 🏛️, меѓу кои Стоби, Хераклеја Линкестис, Могила на непобедените, Самоилова тврдина, Плаошник, како и повеќе значајни цркви ⛪, музеи 🖼️ и знаменитости во Охрид. Посебен впечаток остави посетата на Залив на коските 🛶.
Учениците активно учествуваа во креативни и истражувачки активности 🎨🔍, стекнувајќи нови знаења 📚 преку непосредно учење и дружење 🤝.
Непосредното учење во автентична средина претставуваше исклучително пријатно и мотивирачко искуство 😊 за учениците. Оваа настава беше вистинска инспирација ✨ за продлабочување на знаењата, поттикнување на истражувачкиот дух и градење на другарство ❤️ преку заеднички, незаборавни моменти.







Поврзани содржини