ООУ Григор Прличев

Гази Баба СКОПЈЕ

Учениците од VIII-б одделение во улога на наставници

По повод Денот на наставникот, часот по Музичко образование се претвори во креативна работилница. Учениците од VIII-б одделение ја презедоа главната улога и преку активноста „Ученик во улога на наставник“ самостојно ја обработија и презентираа наставната единица: Скала e-moll (природен, хармонски и мелодиски мол).
Младите „наставници“ ги објаснија и запишаа сите три варијанти на e-moll скалата, истакнувајќи ги специфичните карактеристики на хармонскиот и мелодискиот мол.
За подобро слушно доживување, учениците ги изведоа трите вида скали на разни инструменти, што овозможи непосредно споредување на нивниот карактер.
Инспирирани од наученото, учениците „твореа“ во e-moll скала, создавајќи сопствени кратки композиции кои потоа ги отсвирија пред соучениците.
Честитки до учениците од VIII-б одделение за нивниот труд, креативност и одлично изведената улога!
⚙️
Лого

Политика за колачиња

За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња.