ООУ Григор Прличев

Гази Баба СКОПЈЕ

Дигитална благодарност за Денот на учителот

По повод Денот на учителот, учениците од VII-а, VII-б, VIII-а и VIII-б одделение, на часовите по Техничко образование и информатика со наставничката Лидија Палевски, на креативен и современ начин им се заблагодарија на своите предметни наставници. 

Во Canva, учениците изработија оригинални дигитални честитки и пораки на благодарност, посветени на наставниците кои секојдневно ги учат, мотивираат и инспирираат.

Но, тука не застанавме!
За секоја честитка учениците креираа и QR Code. Наставниците добија честитка со QR код, кој со едно скенирање ги одведе до нивната онлајн честитка и порака од учениците.

Дел од ученичките изработки, заедно со QR кодовите, ги поставивме и на пано во холот на училиштето, за да можат сите ученици да ги погледнат, скенираат и да ја почувствуваат убавата порака на благодарност.

Оваа активност ги спои креативноста, дигиталните вештини, Canva, QR технологијата и најважната порака – БЛАГОДАРНОСТА.

Затоа што технологијата е најубава кога се користи за да создадеме нешто што носи радост, почит и убав збор.

Среќен Ден на учителот!
На сите наставници им благодариме за знаењето, трпението, посветеноста и љубовта со која секојдневно ги водат нашите ученици кон нови знаења и успеси.

⚙️
Лого

Политика за колачиња

За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња.